Откупот на тутунот нема да почне пред законски утврдениот рок, 15 декември, велат производителите. Чувањето на производството, кое најмалку две недели е подготвено за предавање нема да се одрази врз квалитетот. Нема никакви најави од фирмите за почеток на откупот иако сите услови се исполнети. Веројатно ќе се држат до законскиот термин, 15 декември. Во меѓувреме, Инспекторатот ги прегледа пунктовите и откако утврди дека мострите се истакнати, вагите избаждарени и има мерни инструменти за влага, песок, им издаде решенија за реализирање откуп. Според него, тутунот до средината на идниот месец, ако се чува соодветно, ќе добие на квалитет. Тутунот почнува да ферментира и тоа само ќе го зголеми квалитетот. Опасно е ако не се чува соодветно. Тогаш може да мувлоса. Земјоделците остануваат на барањето откупната цена да биде повисока од лани зашто годинава, како што нагласуваат, производствените трошоци се зголемени за 20 до 30 отсто.
Откупот на тутунот нема да почне пред законски утврдениот рок, 15 декември, велат производителите. Чувањето на производството, кое најмалку две недели е подготвено за предавање нема да се одрази врз квалитетот.
- Нема никакви најави од фирмите за почеток на откупот иако сите услови се исполнети. Веројатно ќе се држат до законскиот термин, 15 декември. Во меѓувреме, Инспекторатот ги прегледа пунктовите и откако утврди дека мострите се истакнати, вагите избаждарени и има мерни инструменти за влага, песок, им издаде решенија за реализирање откуп- изјави Данчо Милевски, претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители.
Според него, тутунот до средината на идниот месец, ако се чува соодветно, ќе добие на квалитет.
- Тутунот почнува да ферментира и тоа само ќе го зголеми квалитетот. Опасно е ако не се чува соодветно. Тогаш може да мувлоса - рече Милевски.
Земјоделците остануваат на барањето откупната цена да биде повисока од лани зашто годинава, како што нагласуваат, производствените трошоци се зголемени за 20 до 30 отсто.
- Бараме барем да се задржи ланскиот просек, 190 денари, или за прва, втора и трета класа да се плаќа по 250, 200 и 170 денари независно што според потпишаните договори цените се дефинирани на 208, 162 и 123 денари - рече Милевски.
Тутунарите очекуваат да биде откупено целото производство кое се проценува на околу 25.000 тони. Квалитетот, велат, е одличен, најдобар од досегашните најмалку пет до шест реколти.
Според Законот за тутунот, откупот треба да почне најдоцна до 15 декември, а завршува заклучно со 15 март.